Хрватската пејачка Северина Вучковиќ (51) ја замени зимата за сонце и отпатува на егзотично место каде се одмара последните неколку дена.
Пејачката моментално е на Тајланд, а на социјалните мрежи покажа како го поминува времето.
На фотографиите што ги објави на нејзиниот инстаграм-профил, Северина позира во црно бикини, разладувајќи се во базенот.
Инаку, пејачката пред неколку дена откри кој ѝ прави друштво на ова егзотично патување. Таа е во друштво на познатиот експерт за односи со јавноста – Давор Гргин и долгогодишната пријателка Ива Радиќ.