Светскиот број 1, Данил Медведев, од профилот на Инстаграм го избришал руското знаме. Медведев се решил на ваков чекор откако АТП донесе одлука тенисерите и тенисерките од Русија и Белорусија ќе можат да се натпреваруваат, но без употреба на државните симболи.
„Контактирав со агентот на Данил и го прашав зошто го избришал руското знаме од неговата биографија. Тие ми рекоа дека не сакаат да го коментираат тоа“, напиша новинарката Кимберли Живан.
Некои му се заблагодаруваат на Медведев и тоа го сфаќаат како порака за поддршка против војната, а неговите сонародници се гневни и на тоа гледаат како на своевидно предавство.