Оружјето и пукањето се честа глетка на свадбите во соседството. А освен што се пука во воздух од „среќа“, сватовите гаѓаат и јаболко по доаѓањето во домот на невестата. Инаку јаболкото е закачено на кровот. Но дека овој „адет“ може да биде и опасен сведочи видеото во продолжение во кое се гледа инцидент кој се одиграл во околината на Ужице и во кој буквално за влакно е избегната трагедија.
Еден од сватовите пукал од ловечка пушка, а додека менувал патрони случајно застрелал еден од сватовите, кој завршил со рани во двете нозе. Односно повредениот маж се здобил со прострелни рани во двата бута, но за среќа спасил глава. Моментот од ранувањето е фатен на камера и е прилично вознемирувачки.