Бурни реакции кај Македонците откако вчера Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“ за семејства од Македонија понуди да го променат презимето и наместо на „вски“, да завршуваат на „ов“ или „ев“. Притоа, како што пишува за таквата промена, на македонските граѓани им нуди парични средства од 300 евра.
Со бурна реакција, во свој стил, се огласи актерот Сашо Тасевски.
– Е па ајде, навали македонски народе. Триста евра! Кој ти ги дава! И тоа за ситница. Да ставиш ОВ во презимето наместо СКИ. Земавте бугарски пасоши, се пишувавте Бугари, а не сте. Можете и триста евра да лапнете. Кој ќе знае? – порача тој на својот фејсбук профил.
– Кој треба да одговара за ова понижување, а? – праша Тасевски.
– Има некој од тука што ќе понесе одговорност. Светот ни се смее, како шугине се потсмеваат со нас, констатира тој во својата објава која може да ја проследите во целост во продолжение.