Македонските универзитети и оваа година ги нема на Шангајската листа

by Тони Зографски

Ниеден македонски универзитет не се најде на Шангајската листа на Академско рангирање на светските универзитети.

Највисоко се рангирани универзитетите „Харвард“, „Стенфорд“, Институтот за технологија во Масачусетс, „Кембриџ“ и „Беркли“.

Од регионот, од 400 до 500 место е рангиран Универзитетот во Белград, кој се наоѓа и на прво место на национално ниво, во Србија, како и Универзитетот во Љубљана, од 400 до 500 место и на прво место на национално ниво во Словенија. Во истиот ранг од 400 до 500 место се наоѓа и Универзитетот во Загреб или на прво место на национално ниво во Хрватска.

На Шангајската листа за 2022, рангирани се 2,500 универзитети.

На ОВОЈ ЛИНК целата листа.

останати вести