На снимањето на првата емисија на „Звезде Гранда“, по избивањето на порно-аферата на Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш, дојде до рапсравија помеѓу пејачката и директорот, Саша Поповиќ.
Таа дојде исклучително лошо расположена на снимањето, додавајќи дека нема желба да ги коментира кандидатите, истакна Карлеуша.
„Работата не смее да трпи поради тоа што се случува. Јас те разбирам низ што поминуваш, но вака не оди. Или соземи се и однесувај се како што треба, или да направиме пауза во соработката“, рекол Поповиќ кон атрактивната русокоса.
Освен проблеми за Јелена, низ пеколен период поминува и фудбалерот Врањеш, кој се соочува со заминување од Андерлехт.