Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена многу е активна на повеќе полиња. Освен тоа што ја води фондацијата на својот сопруг, таа организира и разни предавања и активности за сите нејзини обожаватели.
Повеќето активности ги споделува на социјалната мрежа на Инстаграм, каде нејзините фанови, но и почитувачи на Новак Ѓоковиќ можат да бидат упатени во работата и случувањата на фондацијата на најдобриот тенисер.
Според бројните обврски,Јелена секогаш наоѓа време да се посвети на себеси, па и овој пат со своите обожаватели сподели снимка на која се гледа како напорно тренира, а во прв план и` „излегоа“ нејзините стомачни.
„Капуерата ја открив ова лето и почнав да учам од Пулмаоа. Првите две недели одев како робот бидејќи ме болеше секој дел од телото… Не можев еден склек да направам – ниту женски! Така што… Ова е навистина напредок иако е далеку од идеалното или некое фалење. Просто уживам во движењата, се чувствувам и малку детинесто додека се трудам да бидам храбра кога ќе тргне со ногата кон мене и така.. Убаво е. Поинакво е“, напишала Јелена во описот на снимката, а веднаш потоа следеа бројни позитивни коментари на сметка на нејзиниот совршен изглед.
Novak se trenitno takmič
