Водителот на изданието „Weekend Update“, Мајкл Чеј и Колин Џост се шегувале на начинот којшто им е многу добро познат на гледачите.
Џост притоа се пошегувал на сметка на својата сопруга, но набрзо потоа ја поправил ситуацијата.
Тие во емисијата го коментирале новиот закон во Њујорк којшто дозволува пиење алкохол во кината.
Колин Џост порачал дека алкохолот е единствениот начин на којшто може да ги гледа уметничките филмови на неговата сопруга, особено „Black Widow“.
А, доколку не знаете, негова сопруга е прекрасната Скарлет Јохансон.
„Се шегувам душо, ги сакам сите твои филмови. А, доколку мене ме прашувате ти си уште подобра црна вдовица од Корет Скот Кинг“, изјавил подоцна нејзиниот сопруг.
Во емисијата се кажале и многу „шеги“ за Афроамериканците што може да се окарактеризираат и како расистички коментари.
Инаку, Скарлет Јохансон и Колин Џост се во брак од 2020 година. Таа од 2014 година до 2017 година била венчала за Ромен Дориак додека нејзиниот брак со Рајан Рејнолдс траел од 2008 до 2011 година. Парот го има синот Козма, а актерката со Дориак ја добила ќерката Роуз.