Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено 1-1 во Разград против Бугарија на стартот на новото издание на Лигата на нации.
Бугарија прва дојде до водство, уште во 13. минута преку Десподов кој вешто го матираше Столе Димитриевски.
Во 50.минута, по едно двојно проигрување помеѓу Алиоски и Елмас, топката дојде кај Милан Ристовски, кој одлично се снајде и ја затресе мрежата на противникот за 1-1.
Во 90+4.минута францускиот судија Пињар покажа на пенал, но ВАР беше на наша страна, па така останаа тие 1-1.
Нашиот тим имаше поддршка од стотина навивачи кои со сите сили го бодреа македонскиот тим/
Во нашата група, Грузија очекувано лесно со 4:0 славеше против селекцијата на Гибралтар.
Ristovski!!!pic.twitter.com/YXjmVPANku
— GoncaloDias17 (@goncalo_diass17) June 2, 2022