Сопругата на холвудскиот глумец Алек Болдвин, инструкторката за јога Хилари ја подели среќната вест, дека повторно е бремена, откако пред пет месеци имаше спонтан абортус.
35-годишната Хилари која веќе има четири деца со 61-годишниот Алек Болдвин, преку својот Инстаграм профил ја информира јавноста што се случува во нивното семејство.
“Нема да се претворам дека се чувстувам добро – напиша таа, откривајќи дека првите недели чувствувала мачнина и умор и ги замоли медиумите да не испраќаат папараци.
Инаку, Хилари и Алек Болдвин се венчаа во 2012 година и имаат четири деца: шестогодишната Кармен, четворогодишниот Рафаел, трогодишниот Леонард и 15-месечниот Ромео. Алек ја има и 23-годишната Иреланд од бракот со Ким Бесинџер.
https://www.instagram.com/p/B2ZgbZdnXy4/?utm_source=ig_web_button_share_sheet