Џесика Бил во омилените полутанга бикини на одмор во Италија (ФОТО)

by Тони Зографски

Џесика Бил и Џастин Тимберлејк беа уловени од папараците додека уживаа на плажа во Италија.

40-годишната актерка изгледаше одлично во полутанга со леопардски принт од Tropic of C. Холивудската ѕвезда пливаше, се сончаше и си разменуваше нежности со 41-годишниот актер и пејач на плажа на полуостровот Монте Арџентарио.

Најпрво парот се бакнуваше во водата, а потоа разменуваа нежности и на лежалките.

Папараците го „уловиле“ Џастин и во непријатен момент – додека си ги соблекува мокрите шорцови.

останати вести