Летувалиштето Канкун во Мексико нуди бесплатни хотели и храна за да ги охрабри туристите да доаѓаат на одмор оваа сезона, пренесува британски “Сан“
Покрај бесплатното сместување и оброци, на туристите им се нуди и бесплатно користење на терени за голф, тематски паркови и изнајмување автомобили, сето тоа е дел од планот да му се помогне на летувалиштето да застане на нозе.
Кампањата ќе опфати хотели кои нудат две ноќевања бесплатно на две резервирани ноќевања или бесплатен престој за две деца кога резервираат две возрасни лица.
Три четвртини од компаниите кои ја поддржаа оваа кампања се хотели.
Инаку, Мексико имаше повеќе од 8.500.000 смртни случаи од коронавирус и 78.000 потврдени случаи на заболени од почетокот на кризата.
Хотелите и рестораните планираат да започнат со работа повторно на 8 јуни во туристичкиот дел на ривиерата Маја.
Над 200 компании учествуваат во новата иницијатива и истата ќе биде официјално покрената на 15 јуни.