Папата Франциск, денеска е во посета на Македонија. Како што објави Фокус, за време на посетата на спомен куќата на Мајка Тереза, една самохрана мајка на папата му ја раскажа својата тажна животна приказна.
Таа е самохрана мајка на четири дечиња и на папата Франциск му раскажа дека чесните сестри и помогнале, кога нејзиниот маж ја исфрлил од домот, со мало бебенце, без да ја прашаат на која вера и припаѓа. Жената раскажа дека останала сама со детето на улица, но тогаш во пресрет и излегле чесните сестри, кои ги примиле во нивниот дом и им пружиле достоен живот.
„Никогаш не ме прашаа дали сум православна, или која и да сум вера. Знаеја дека ми е потребна помош и ни помогнаа. Исто така, никогаш досега не побарале од мене да ја сменам верата, јас сум православна христијанка. Без разлика на мојата вера, тие се уште се тука за мене и за мојата ќерка. Ти благодарам Свети оче што ја посети нашата земја“, му се заблагодари граѓанка на папата Франциск.