Маж на возраст од околу 35-40 години синоќа е пронајден мртов спроти зградата на Управата за јавни приходи во центарот на Скопје.
Според минувачи кои биле сведоци на инцидентот, човекот се фрлил од зграда што се наоѓа до УЈП.
Телото, според процедурата, треба да биде предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.