Јавниот обвинител Љубомир Јовески не бил нападнат од никого, туку движејќи се по кејот на Вардар паднал и добил гребаници. Укажана му е здравствена помош и е пуштен дома, информираше кабинетот на јавниот обвинител.
“Во врска со написите во некои медиуми, Јавниот обвинител на Република Македонија, ја известува јавноста дека вчера попладне, рекреирајќи се покрај кејот на реката Вардар, симнувајќи се по скалите падна при што се здоби со гребаници од бетонската подлога. Гребаниците се санирани од здравствени работници и Јавниот обвинител е пуштен дома”, пишува во реакцијата на кабинетот на Јаниот обвинител.
Инаку, дел од медиумите вчера објавија информација дека јавниот обвинител бил нападнат.