Српскиот тенисер Филип Крајиновиќ сериозно се “зацапал“ во хрватската пејачка Јелена Розга. Откако неодамна ја прекина емотивната врска, Филип на секој начин се обидува да се запознае со Јелена.
-Филип на неколку пати се обиде преку пријатели да ја запознае Јелена, но поради обврските на двајцата до тоа не дојде. Тој ја следи на Инстаграм, често и лајкува и става коментари на нејзините фотки. Сигурен сум дека набрзо ќе ја запознае Розга бидејќи тој е упорно момче. Инаку, не е ни чудно што му се допаќа Јелена бидејќи тој сака постари девојки – открива за курир. рс близок пријател на тенисерот кој во моментов настапува на Ролан Гарос.