Александра Јасмин од Финска е уметничка и љубителка на тетоважи, која речиси целото тело го покрила со слики и често им го одзема здивот на многу фанови на социјалните мрежи.
Александра ги радува своите следбеници на Инстаграм со прекрасни слики од нејзините тетоважи и често позира гола.
Сепак, има и такви кои коментираат дека била многу поубава пред сите тие тетоважи и дека тоа воопшто не ѝ било потребно.
Мајката на три деца одлучила да се соблече за да го покаже своето тело на провокативна фотографија.
– Утро во мојот удобен кревет. Ситници кои ме прават среќна – напишала под фотографијата на која позира целосно гола.
Не им требало долго време на следбениците на социјалните мрежи да ја забележат нејзината фотографија бидејќи објавата собрала тони лајкови.
– Мојот прекрасен ангел – напишал еден следбеник.
– Феноменална како и секогаш… ти си посебна убавица – додаде друг.
Александра веќе некое време споделува фотографии од нејзините тетоважи. Може да се пофали со стотици слики, вклучувајќи голема мачка на стомакот, како и черепи над меѓуножјето.
Нејзиното чело, образите и брадата се исто така насликани. Како што еднаш открила, ѝ биле потребни години и години за целосно да го покрие своето тело со тетоважи.