Британската таблоидна ѕвезда и манекенка, Кејти Прајс реши да ја направи својата 16-та операција на градите, сѐ со цел да ги има „најголемите гради во Британија“.
44-годишната Кејти е позната по љубовта кон пластичните операции, а овој пат отпатува во Белгија за да легне под нож и да ја зголеми својата и онака прилично бујна биста, пренесува The Sun. Мајката на пет деца била насмеана додека влегувала во клиниката и не изгледала нервозна поради процедурата, пренесува британскиот таблоид.
“Кејти ќе стави масивни импланти. Таа сака да ги има најголемите гради во земјата и овие импланти дефинитивно ќе ја однесат таму”, рекол извор близок до ѕвездата за The Sun.
Кејти била однесена кај докторот кој ќе ја изврши процедурата, а пред да се оперира, била видена со маска за кислород на лицето.
Британската старлета претходно сподели фотографии и видеа на својот Инстаграм, а изгледа дека одмара по процедурата.
Сепак, секој пат ги покрива своите бујни гради со долги прамени коса, па фановите не можеа да видат колку е успешна процедурата. Претходно, Кејти Прајс, која има големи финансиски проблеми, призна дека за нив се виновни нејзините поранешни сопрузи.
Таа верува дека мажите во нејзиниот живот ја донеле „на дното“ затоа што „плаќала за нивните животи“, што ја довело до банкрот. Таа објасни дека сите нејзини драми „секогаш биле предизвикани од мажи“, а во претходното интервју за „Тајмс“ признала дека е „слаба во љубовта“ и затоа потрошила „милиони на нејзините партнери затоа што ѝ требало прифаќање“.
“Не треба да си генијалец за да разбереш дека мажите се причина за мојот пад. Тоа е милион проценти така. Сите мои драми, мојот банкрот – сето тоа беше предизвикано од мажите. Секогаш беа мажи”, признала Кејти. Прајс, која верува дека таа е во тоа премногу го чинела животот што отсекогаш сакала да им ја докажува својата вредност на мажите. „Сакав да ме сакаат, но не успеав“, тажно заклучила таа.
Да потсетиме дека во декември 2019 година, Кејти прогласи банкрот, само една година откако се согласи да плаќа 12.000 фунти месечно на доверителите за да се ослободи од долгот. Но, тоа не ја спречува ТВ ѕвездата, која е попозната по прекарот Џордан, а некогаш вредела 45 милиони фунти, да ужива во раскошни одмори и естетска хирургија и покрај тоа што е во банкрот.