Десет години трае љубовта меѓу Шакира и шпанскиот фудбалер Жерард Пике, но се уште не застанале пред олтарот.
Познатата пејачка сега откри дека постои голема причина за тоа и дека таа е таа која го кочи фудбалерот да го постави судбоносното прашање.
„Не сакам да се мажам. Искрено, бракот ме плаши. Не сакам Жерард да ме гледа како своја жена, туку повеќе како девојка, љубовница. Таа страст ми е важна, тоа е како забрането овошје. Повеќе сакам да мисли дека сè е можно зависно од неговото однесување“, појаснила Шакира.
Инаку, парот се запозна за време на Светското првенство во Јужноафриканската република.Тој настапуваше за репрезентацијата на Шпанија, а таа ја пееше химната на првенството. Шакира и Пике заедно ги имаат синовите Милан и Саша.