Фронтменот на „Нови фосили“ Рајко Дујмиќ (65), синоќа доживеја страшна сообраќајка откако излета од патот кај Равна Гора.Тој возел со голема брзина и удрил во камења, па завршил во провалија.
Според најновите информации, Дујмиќ е во болницата во Сушак, во одделот за интензивна нега и тој е во стабилна состојба, јавуваат хрватските медиуми.
Неговата сопруга Снежана потврди дека Рајко има сериозни повреди на главата и е во кома.
“ Ве молам молете се да се разбуди од кома“ напиша Снежана на Фејсбук.
Инаку, Рајко Дујмиќ се лечи и од алкохолизам откако пред неколку години физички ја нападна сопругата а е во конфликт и со колегите од групата на кои им забрани да го користат името „Нови фосили“ што тој го заштитил.