Група жени облечени во венчаници денес протестирале во Рим против рестриктивните мерки со кои се забрануваат големи религиски собири како венчавки, пишуваа “CNN”.
Протестот го организирало Италијанското здружение за венчавки, а учествувале околу 15 жени.
Тие се собрале околу познатата фонтана Треви каде облечени во венчаници позирале со транспаренти на кои пишувале слогани како “Венчавки без рестрикции”.
Се појавиле и пред италијанскиот парламент, каде им се приклучиле и лица кои се занимаваат со организација на венчавки.
Франческа Дел Векио од Неапол рекла дека требало да се мажи во септември, но дека поради мерките за ограничување морала да ја одложи венчавката за најмалку една година.
И додека рекла дека датумот на венчавката не и претставува проблем, би сакала, како што објаснила, да се омажи без ограничувања.