40-годишен маж од Тоскана договорил процедура за зголемување на пенисот, но завршил со „импотенција и еректилна дисфункција“.
После сѐ, ги зел работите во свои раце и пред судот побарал отштета од докторот и две приватни здравствени установи, во кои се вршени операциите, пренесува RAI News.
Италијанските медиуми пренесуваат дека неименуваниот маж се договорил со докторот за операцијата за околу пет илјади евра.
Еден месец по интервенцијата почнал да се жали на „непријатност“ и тогаш почнале неговите маки.
Во судската пресуда е наведено дека гениталниот орган бил зголемен со липофилинг, но дека „не ја задржал очекуваната форма и волумен“, како и дека имало „деформација на анатомијата“.
Од друга страна, лекарот ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека пациентот „не бил навистина погоден од ситуацијата“, дека по операцијата му испраќал видеа задоволен од резултатите и дека во секој случај дал согласност.
Судот во Пистоја сметал дека здравствениот работник требало „да ја процени соодветноста на интервенцијата“, но не го ослободил пациентот од одговорност.
Човекот си давал инекции дома, кои ги примил од лекар, но неговото однесување било окарактеризирано како „невнимателно“ и „предизвикало 30% од штетата“.
Две клиники тврделе дека позајмиле простории само за интервенциите, но судот ја подвлекол нивната одговорност бидејќи „го користеле трудот на лекарите“.
На крајот 40-годишникот ќе добие отштета од околу 110.000 евра.