Една од најдобрите во женскиот дел од УФЦ, Полијана Вијана имала мала непријатност изминатиот викенд, кога пред нејзниот авотмобил и пришол непознат маж. Тој сакал да и го украде мобилниот телефон, но веднаш зажалил. Таа со два удари со рака и еден удар со нога го нокаутирала. Почнала да го гуши додека да стигне полицијата да го уапси криминалецот.
“ Ми рече да го пуштам и да повикам полиција. Се плашеше дека уште ќе го тепам“ – изјавила Вијана која против криминалецот поднела пријава.
Претседателот на УФЦ, Дена Вајт на својот „Инстаграм“ го покажа лицето на злосторникот, кој се обидел да ја ограби Вијана.
Инаку, интересно е што 27-годишната борачка и порано имал ваква непријатност, кога се обиделе да ја ограбат во Рио.