Скопјанка била претепана од својот поранешен љубовник, во населбата Аеродром, информираше МВР.
Четириесет и седумгодишна скопјанка пријавила дека била физички нападната од страна на нејзиниот 55-годишен поранешен љубовник.
МВР соопшти дека нападот бил извршен на булеварот Јане Сандански во трговски центар, синоќа по полноќ.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.