24-годишната Кристина Озтурк се соочува со неизвесна иднина откако нејзиниот сопруг, турскиот бизнисмен Галип Озтурк (57) е уапсен за перење пари и фалсификување.
Од март 2020 година до јули 2021 година, парот потрошил повеќе од 168.000 евра на сурогат мајки кои родиле 21 бебе. На дадилки годишно трошат повеќе од 90 илјади евра, а планирале да имаат 105 деца.
Но, Кристина вели дека нивните планови сега висат на конец бидејќи Галип е уапсен во Грузија и таа е осамена и не може да го поднесе тоа што нејзиниот сопруг го нема.
“Чувството на осаменост не ме остава ниту со толку многу блиски луѓе во близина. Навикната сум сопругот да е дома, да е секогаш таму. Последниве години работи од дома, па секогаш бевме заедно. Ноќе, кога ги заспивавме децата, разговаравме. Ако одеше во Тбилиси или Истанбул, телефониравме со часови“, напишала таа на 9 јуни во емотивната објава на Инстаграм.
„Сега ми е потешко од кога било. Не можам да ја поднесам тишината, не можам да го поднесам неговото отсуство, не можам да спијам и да се будам сама. Не можам да ја слушнам неговото смеа, не му го слушам гласот, не ја чувствувам неговата прегратка“, додаде таа.