„Краш“ направи Дорина со чварки

by Тони Зографски

Компанијата „Краш“ преку својот Фејсбук профил објави дека направила Дорина со чварки, иако се тргна како првоаприлска шега.

Комбинацијата за првпат беше спомената на 1 април, но, како што велат од компанијата, интересот бил толку голем, па навистина решиле да направат чоколадо со чварки.

Сите кои сакаат да го пробаат чоколадото, кое е со ограничено производство, тоа може да го направат од 30 април во „Краш чоко&кафе“ во Загреб. Од компанијата нагласуваат дека количините се ограничени.

„Сите кои позитивно искоментираа на нашата првоаприлска шега и посакаа да вкусат Дорина со чварки, ќе им испратиме по еден примерок на адреса“, велат од „Краш“. Доколку сте меѓу таквите, се што реба да направите е да се обратите на „Краш“ во инбокс на Фејсбук.

останати вести