Мажот кој минатата година беше уапсен со самострел во замокот Виндзор на кралицата Елизабета Втора, изјавил дека бил таму за да ја убие кралицата, соопштено е денеска од британскиот суд.
Џасвант Синг Шеил (20), кој е обвинет според Законот за предавство на Велика Британија, се појавил во просторот на замокот Виндзор облечен во качулка и маска, објави „Ројтерс“.
Кралицата била во замокот за време на инцидентот на 25 декември, заедно со нејзиниот син и престолонаследник Чарлс, неговата сопруга Камила и други блиски членови на семејството.
По истрагата на полицијата за борба против тероризмот, Шеил беше обвинет за закани за убиство, поседување оружје и прекршок според Законот за предавство од 1842 година.