Секојдневниот стрес, обврските кои се појавуваат од ден во ден, понекогаш може целосно да не совладаат, и во такви моменти најдобар лек и решение е одморот кој ни помага да се регенерираме.
Еве неколку знаци кои укажуваат на тоа дека ви е потребен одмор:
Ви се чини дека сте „натрупани“ со обврски – тоа е кога чувствувате дека животот едноставно ве „гази“ со обврски, и доаѓате до точка кога не сте сигурни дали може да издржите понатаму.
Стресот ве чини нервозни – стресот е една од работите кои можеби и не го приметувате, се додека не стане неподносливо. Но, јасен знак дека сте под голем стрес е тоа што ве нервираат сите. И притоа се носите со стресот на нездрав начин.
Напорно работите веќе некое време – токму како што и децата имаат распуст, така и на возрасните им треба одмор после напорна работа долго време. И тоа не мора да биде патување, туку едноставно одмор.
Животот ви е само работа и работа – сите знаеме дека е лесно да упаднете во замка на секојдневните обврски и толку да се предадете на работата што ви недостасува време за приватен живот. Па ако не може да се сетите кога последен пат сте одвоиле време да уживате во нешто, време е да направите пауза од обврските.
Ништо не ве радува – не е реално да очекувате секој ден и секоја минута да бидете среќни. Постојат денови коа сме нерасположени, но ако приметувате дека ништо не ве радува, тоа е знак дека сте исцрпени.