Хрватскиот пејач Тони Цетински (51), како и многу колеги, веќе со месеци не настапува поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а тој, како што изјави, реши да ја смени професијата, барем накратко.
„И утре сè да престане, и сè да се отвори, сега малку луѓе можат да си дозволат да купат билет за концерт… Значи, тоа е невозможна мисија, па одлучив да се свртам кон помалите чекори и да ги советувам сите што се навикнати да заработуваат можеби малку повеќе пари, да „искулираат“ и да сфатат дека уште многу долго време нема да заработуваат начинот на кој можеби порано заработувале. Јас еве си посадив градина, да пробам како тоа оди, одличен домат, одлична салата, за среќа “, рече Цетински во видеото што го објави на својот фејсбук-профил.
Тој изјавил дека е свесен за ситуацијата и дека уште долго време нема да може да настапува, па ги советувал колегите да го следат неговиот пример и да се свртат кон некои нови професии од кои ќе можат да заработат пари во наредниот период.