ПУТИН, А НЕ РУСИЈА, САКА ВОЈНА СО УКРАИНА: Ќерката на Абрамович ги шокира сите (ФОТО)

by Тони Зографски

Рускиот олигарх Роман Абрамович, газдата на лондонски Челси одамна го поврзуваат како една од мнотуте „продолжени раце на Владимир Путин“ и соработник на рускиот претседател, но сите останаа во шок после објавата на ќерката на милијардерот за актуелната ситуација во Украина и руската инвазија започната вчера наутро.

Софија Абрамович на својот Инстаграм профил објави:

„Путин, а не Русија, сака војна со Украина. Најголема и најуспешна лага на пропагандата на Кремљ е дека мнозинството Руси се со Путин“, напиша Софија придружувајќи се на илјадниците Руси кои уште вчера во речиси сите градови протестираа против руската агресија на Украина, по што беа уапсени над 700 лица, претежно во Москва и Санкт Петербург.

 

останати вести