Министерството за здравство на Русија одобри примена на имуноглобулински лек за третман на коронавирусот, направен врз основа на крвната плазма на луѓето кои прележале ковид, соопшти Rosteh, пренесе „Спутник“.
-Министерството за здравство на Русија одобри примена на специфичен имуноглобулински лек за третман на ковид. Препаратот „Ковид-глобулин“ е првиот регистриран лек од овој тип против ковид во светот. Направен е врз основа на крвната плазма на Mосковјаните кои прележале ковид. Беа собрани 2,5 тони биоматеријал – се наведува во соопштението на Rosteh.
Лекот е направен во холдингот „Нацимбио“, кој е дел од државната корпорација „Ростех“. За време на истражувањето, холдингот „ја потврди безбедноста, отсуството на несакани ефекти и можноста за неутрализирање на вирусот“.
Препаратот му овозможува на организмот да се бори против болеста и му овозможува на имунолошкиот систем да ги прави антителата побрзи и самостојни.
Се претпоставува дека лекот ќе се користи за третман на умерени и тешки форми на болеста по 2-та и 3-та фаза од клиничките испитувања, кои ќе бидат организирани во московските болници.
Регистрацијата овозможува употреба на „Ковид-глобулин“ кај пациенти на возраст од 18 до 60 години.