Рускиот доктор Виктор Хрушчов, автор на книгата за подмладување со соодветна исхрана, смета дека еден од најголемите проблеми на денешницата е лебот. Сите знаеме дека лебот веќе не е ист како некогаш и дека пченицата во меѓувреме е пребрана, така што во зрната се повеќе има глутен. Но тоа не е единствениот проблем.
-Го исклучив од својата и исхраната на своите пациенти, современиот леб. Работата е во тоа што, ако јадеме леб со квасец, квасецот доспева до нашата крв, почнува да се размножува, ги конзумира нашите витамини, микороелементи, протеини. Истовремено тој ги лачи продуктите на своето постоење, токсините. Односно квасецот паразитира во нашиот организам. И затоа модерниот леб е еден од најлошите изумни на човештвото – вели Хрушчов.
Тој наведува дека квасецот влегува во капсулите на глутенот, а во цревата се ослободува, ја оштетува слузокожата и ја нарушува нормалната микрофлора на цревата.
-Освен тоа, тој не паразитира само во цревата, туку живее во крвата плазма и слободно се размножува. Ова може да заврши со различни видиви на интоксикација, габични болести, нарушување на имунитетот, што пак води кон многу хронични болести и туморски процеси. Дури и ако престанеме да јадеме леб со квасец, дури после пет години веќе нема да има ќелии на квасец во крвната плазма – тврди лекарот.