Руската вакцина Спутник V е регистрирана во скоро 70 земји, што ја прави една од најбараните во светот во борбата против ковидот, изјави рускиот премиер Михаил Мишустин.
„Досега Спутник V е регистрирана од скоро 70 земји во светот, бидејќи руската вакцина ја докажа својата безбедност и ефикасност“, реколМишустин на онлајн едукативниот маратон „Ново знаење“.
Тој изјави дека сега може официјално да се каже дека Спутник V е една од најдобрите и една од најбараните вакцини во светот.
Мишустин додал дека руските граѓани можат вакцината да ја добиваат бесплатно и ги повика сите Руси да се вакцинираат.
Рускиот премиер го пофали заменик-шефот на центарот „Гамалеја“ и производител на вакцини Денис Логунов, кој заедно со неговиот тим развија и тестираа нова вакцина на себе и отворено зборуваа за тоа како е создадена.
„Благодарение на тоа, многу луѓе го сменија мислењето за руската вакцина. Лично, познавам луѓе кои порано беа многу скептични во врска со овој проект“, рече тој.
Мишустин истакнал дека на самиот почеток на пандемијата никој не бил подготвен дури и да признае дека руските научници се способни за ваков чекор напред.
„Ефективните вакцини се наша победа, постигната со знаење, професионализам и решителност на руски научници, лекари и други специјалисти“, додал тој.
Русија беше првата земја во светот што регистрираше вакцина против коронавирусот „Спутник V“, на 11 август 2020 година.