Руската новинарка Оксана Баулина загина денеска при бомбардирањето на Киев, објави британски „Гардијан“.
Според информациите, таа го снимала уништувањето на еден трговски центар и загинала кога почнало гранатирањето.
Баулина работела за независна веб-страница во Русија, „Insider“, која главно се фокусирала на известување за корупција во руската влада.
Минатата година властите ја прогласија фондацијата за нелегална и екстремистичка, поради што многу нејзини вработени избегаа во странство.
Во гранатирањето уште едно лице загина, а двајца се повредени, пишува Инсајдер.
Баулина е една од петте новинари за кои се знае дека биле убиени во изминатиот месец од војната.