Руската манекенка Ксенија Пунтус (21), лице кое било често на насловната страна на “Вог“ се наоѓа во болница, откако паднала од третиот кат на една зграда во Москва во која живее нејзиното момче Андреј Баков, внукот на рускиот режисер Никита Михалков.
Според пишувањето на руските медиуми, таа се “залетала“ низ прозорот, а домарот ја нашол манекенката на минус пет, полугола, доцна во ноќта на тротоарот, пред зградата на нејзиното момче.
Манекенката се освестила, но сè уште не е откриено што ѝ се случило.
„Ксенија е сега во стабилна состојба. Сè уште е во болница“, рекол нејзиниот портпарол.
“Не се сеќава на ништо освен на своето име“ изјавила една нејзина пријателка и додала дека падот се случил откако Ксенија била на провод со ќерка му на тениската звезда Евгениј Кафелников.
“Ксенија не беше под влијание на дрога, нешто друго се случило“ – додала пријателката,
Според првите извештаи, Ксенија имала повеќе скршеници, како и потрес на мозокот.
Рускиот Рамблер пишува дека внукот на Никита Михалков ги избришал сите профили на социјалните мрежи, а неговата мајка Ана Михалков ги блокирала коментарите на Инстаграм.
https://www.instagram.com/p/B4F81Kai6U2/?utm_source=ig_web_button_share_sheet