ТАГА ВО ДОМОТ НА МИЛИЈАРДЕРОТ: Почина таткото на Бил Гејтс

by Тони Зографски

Во понеделникот во 95. година почина таткото на американскиот милијардер Бил Гејтс, Бил Гејтс Сениор.

-Сите имавме многу време за да размислиме колку сме среќни што толку години имавме така неверојатен човек во нашите животи, – напиша Гејтс на својот официјален блог.

Гејтс Сениор беше воен ветеран и коосновач на адвокатска фирма во Сиетл, а компанијата на неговиот син не би била покрената без негова помош.

Семејството не ја наведе официјалната причина за смртта.

останати вести