Главната уредничка и директорка на руската државна ТВ мрежа РТ рече дека „работите ќе завршат лошо за целото човештво“ доколку Русија не ја победи Украина, сугерирајќи нуклеарен напад доколку земјата ја загуби војната.
Руските државни медиуми станаа озлогласени по своите антиукраински реторики по избувнувањето на војната на 24 февруари.
Но, последниот испад го имаше Маргарита Симонјан од РТ, која студирала во САД, но и им порача на руските гледачи дека треба да се радуваат на фактот што нивните деца никогаш нема да добијат западно образование.
„Сите тие веруваат дека ќе изгубиме и ќе победи Западот. Тие не разбираат дека тоа е невозможно. Едноставно е невозможно, никогаш нема да се случи. Или ќе победиме, или ова ќе заврши лошо за целото човештво, нема на друг начин “, рече таа, во забелешките кои се чини дека сугерираат нуклеарна размена доколку Русија не успее во конфликтот.
„Кога луѓето прашуваат колку долго ќе трае, во однос на нашето отуѓување, конфронтација со Западот, гледам само една верзија на настаните: Луѓе, ова е засекогаш. Навикнете се на овој нов живот“, посочи таа.
Симонјан рече дека „храбриот нов свет“ повеќе нема да биде отворен за луѓе кои сакаат да студираат на Запад, порачувајќи им на гледачите да се навикнат на растечката изолација на Русија и рече дека луѓето би биле благодарни што нивните деца не учат во западните институции во иднината.
Без разлика што ќе се случи или како се однесуваме, нашиот конфликт со нив ќе трае до крајот на животот“, додаде таа.