Дел од крило на „Боинг 737“ на „Јунајтед ерлајнс“ меѓу Сан Франциско и Медфорд денеска отпаднал за време на лет, но авионот успеал безбедно да слета, без никакви последици за екипажот и патниците.
Фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека недостасува дел од кофражот на авионот, дел кој служи за извлекување на аеродинамичните површини при слетување и полетување.
Станува збор за авион стар 25 години, Боинг 737-800 со регистарски број N26226, кој е дел од флотата на Јунајтед ерлајнс од 2011 година.