На супермоделот Рози Хантингтон Вајтли, сопругата на холивудскиот заводник Џејсон Статман, секоја жена, барем малку, би ѝ позавидела на нејзиниот изглед. И како го постигнува тоа?
Рози рече дека практикува периодично постење – што значи дека јаде меѓу осум и десет часа.
– Тоа му дава шанса на моето тело да свари сè – објасни таа.
Значи, дали ова е начин на живот заснован на докази? Една студија во International Journal of Obesity покажа дека наизменичното постење е поефикасно за губење маснотии кај младите жени отколку диетата контролирана со калории и дека ја подобрува чувствителноста на инсулин, но науката сè уште е не е убедена.
Рози го започнува денот во осум часот наутро со лате од овесно млеко. Потоа се обидува да ги заврши сите дневни оброци до 18 часот, за да му дозволи на телото да влезе во циклус на одмор и варење. Меѓутоа, ако оди на вечера или на некој настан, таа едноставно го поместува „својот прозорец“ за јадење наназад, прекинувајќи го постот подоцна во текот на денот.
– Кога и да ми дозволи денот, од 9 часот наутро сум во теретана. Секогаш сум активна, мајка ми беше инструктор по аеробик, па ги охрабруваше моите браќа, сестри и мене да бидеме спортски тип на личност. Така, и покрај фактот дека морам да бидам во форма за мојата кариера, јас сум еден од оние луѓе кои искрено го сакаат вежбањето – што правам зависи само од моето расположение или распоред.
Супермоделот прави јога или пилатес сесија ако е премногу уморна. Нејзината инструкторка е поранешна балерина и, како што вели Рози, таа точно знае како да ѝ помогне да изгради долго, витко и затегнато тело.
Кога е расположена, оди во студио за танц – микс од аеробик и танц, интензивна програма која го движи секој мускул во телото. А не ѝ е непозната ниту теретаната, особено кружните тренинзи.
Секое утро пие по литар вода, а цели на најмалку три литри дневно. Откако стана редовна во оваа практика, таа забележала значителна разлика во нејзиното варење и кожа.
За појадок пред теретана јаде изматено јајца или спанаќ.
– Се трудам да внесам многу посни протеини како риба и пилешко со свежи салати и зеленчук. Во изминатата година, малку се откажав од црвеното месо затоа што сум убедена дека тоа ме прави да се чувствувам тешко и тромо. Јас сум исто така голем поборник за сокови од зеленчук. Не сум строга. Нема да јадам тестенини вечерта пред да снимам реклама во долна облека, но можам да си дадам одмор – објаснила Рози, а пренесува „Women’s Health“.