Познатиот глумец Мустафа Надаревиќ (76) откри дека боледува од карцином на белите дробови.
– Кога сфатив дека тоа е дел од животот, дека болеста е дел од животот, тогаш го прифатив. Кога прифаќате нешто со љубов, тогаш може да се победи оваа болест, изјави актерот.
Мустафа ги советуваше сите кои припаѓаат на ризичната група, односно долгогодишните пушачи, да не избегнуваат да одат на прегледи
„Можам да им кажам да не бидат толку примитивни како што сум јас, да се исплашат од докторот. За мене, докторот ми беше страшен уште како мало дете, од забар па натаму, сè ми беше ужасно. Добро е да се оди навреме на прегледи, зашто тогаш можноста за излекување е поголема “, заклучи тој.
Омилениот Изет во серијалот „Луди, збунет, нормален“ болеста не го спречила да работи со полна пареа, бидејќи се снимаат нови епизоди.