Родни Тротер никогаш повеќе нема да гледа “Мучки“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Британскиот актер Николас Линдхерст (54) кој се прослави со улогата на Родни Тротер во култната серија “Мучки“ во интервју изјави дека не сака да се гледа на телевизија, а не ги гледа и репризите од серијата поради жал за колегите кои не се меѓу живите.

– Не сакам да се гледам на телевизија, а особено сега кога не напуштија повеќе колеги со кој играв во “ Мучки“.  Луѓето на кои има правев изненадување за родендените, луѓето кои ги зезав, беа мое семејство. Навистина ми е тешко – изјавил популарнио Родни и додал дека нови “Мучки“ нема да се снимаат.

– Никогаш. Не е можно без Џон, (Џон Саливен, авторот на “Мучки“), го изгубивме Роџер (Тригер), Кен (Мајк, газда на барот), Бастер (вујко Алберт), Ленард (дедото)…

останати вести