Осумгодишно момче е пронајдено во саботата попладне во трговски центар во Пашинг, Австрија, откако неговите родители, брачна двојка од Србија, го оставиле за да бидат слободни да крадат облека во продавница.
На пронаоѓањето на осумгодишното дете му претходела полициска акција. Имено, како што пренесуваат медиумите од Австрија, брачна двојка од Србија на возраст од 51 и 52 години дошла во трговскиот центар во овој австриски град за да украде облека. Додека 51-годишната жена избирала работи, мажот ги извадил таканаречените копчиња за обезбедување, уреди што се користат за спречување кражба и ги спакувал во специјално подготвена торба.
Планот бил да ги сокријат украдените предмети во автомобилот што го паркирале во гаражата и да избегаат.
Во меѓувреме, сопружниците биле забележани како крадат, а набрзо полицијата ги уапсила крадците. Покрај украдената облека, во нивниот автомобил биле пронајдени и документи на детето. Кога полицијата ги прашала каде се наоѓа детето чии документи имаат, им било кажано дека е со сестра му во Виена.
Потоа биле приведени во полициска станица каде според процедурата требало да бидат сослушани. Само што сакале да одговорат на прашањата, вработените од трговскиот центар се јавиле во полициска станица да пријават дека пронашле 8-годишно момче како шетало само. Утврдено е дека се работи за нивното дете, кое го оставиле сами, без надзор, за да можат да крадат.
Социјалните служби го презеле момчето и го сместиле во привремено сместување.