Српскиот државјанин Иван Рудиќ (38) е осуден во Италија на доживотен затвор за убиството на Консолато Инџену во летото 2019 година, објавија италијанските медиуми.
Да потсетиме, истата казна за која се жалеше, судот во Италија му ја изрече пред две години затоа што по кратка расправија во кафеана го претепал до смрт својот пријател, а потоа го фрлил од карпа за да изгледа како несреќа. Наводно двајцата мажи се скарале кој е поубав.
– Иван Рудиќ, возач на камион, беше осуден на 13 септември 2021 година, а Михуаи Нута Апопеја беше осуден на две години затвор за прикривање на трупот. Жалбата што ја поднел не ја променила казната, додека второобвинетиот не се жалел – пренесуваат италијанските медиуми. Злосторството, велат, се случило на 30 јули 2019 година Поранешната сопруга на убиениот, велат, повикала полиција откако тој од претходната вечер не се јавил да се поздрави со синот, што најчесто го правел секоја вечер.
– Следното попладне неговото тело беше пронајдено покрај карпата. Истрагата веднаш била насочена кон последните две лица кои биле видени во негово друштво, односно двајцата осуденици за кои очевидци откриле дека се степале со него пред кафеана во Толе, а потоа заедно се оддалечиле. Карабинерите го пронашле автомобилот опишан од сведоците следниот ден оставен на страната на патот, на околу 600 метри од карпата каде што подоцна било пронајдено телото – објавија италијанските медиуми.
Полицијата веднаш нашла траги од крв на хаубата и багажникот. – Рудиќ тврдеше дека крвта дошла од срна што ја прегазил и во текот на целата постапка тврдел дека не е виновен. Меѓутоа, кога истражителите го реконструирале она што се случило, откриле дека српскиот државјанин до смрт го претепал Италијанецот „поради расправија поттикната од алкохол што го испиле во барот во текот на вечерта“. Романски државјанин му помогнал да се обиде да го прикрие злосторството со тоа што го зел телото и го фрлил од карпа – наведуваат медиумите и додаваат дека случајот сега е затворен.