Средното училиште Бартрам Треил од Флорида направило скандал за кој бруи целата земја, по одлуката да се преправат годишните фотографии на одделни ученички. Цензурата следувала откако било заклучено дека на некои фотографии на девојките им се гледа деколтето, што потоа им било отстрането во фотошоп.
Приказната одекнала во јавноста откако родителите на некои ученички се солидаризирале во проценката дека од школото треба да побараат да ги врати старите фотографии. Бидејќи директорот и одборот не се согласиле со молбата, родителите во стилот „пред и потоа“ објавувале фотографии од своите деца на социјалните мрежи и тоа наведувајќи од кое училиште се.
– Ова го направи училиштето, всушност пораката на сите е дека девојките би требало да се срамат од своите тела. Грозно, порачала Едриена Бартлет, една од мајките чија ќерка поминала низ ценузра.
Учениците сега се шегуваат на сметка на цензорите и оние кои ги преправале ученичките во фотошоп, а очигледно не биле баш вешти во тоа. Училиштето, пак, е предмет на потсмев не само на Флорида, туку и низ светот.
Школото до вчера задоволно ги триело рацете, затоа што годишните алманаси ги наплатувало по 100 долари, но сега ќе мора да видат што понатаму затоа што јавноста се кренала на нозе.