Марго Роби се прослави со улогата во филмот „Волкот од Волстрит“ во кој ја глумеше сопругата на Леонардо ди Каприо, а светот го освои благодарение на главната улога во филмот „Барби“. Таа важи за една од омилените актерки на денешницата.
Сепак, славата и гламурот во кој денес ужива не можат да ги излечат лузните што ги има од минатото. Имено, од раното детство се соочувала со големи животни удари.
Нејзиниот татко е моќен тајкун кој го остави зад себе
Кога актерката првпат се прослави, едно списание објави дека татко на убавата актерка бил тајкунот Даг Роби, кој ја оставил неа и нејзините три браќа и сестри кога биле само деца.
Марго и нејзината сестра Ања не сакаат да слушнат за него“, рекол извор близок до семејството.
Во написот се наведува дека нејзиниот татко е „богат и моќен тајкун“ кој живее на само неколку улици подалеку од нејзината мајка Сара Кеслер. Додека Марго не сака да има ништо со својот татко, нејзиниот брат Локи Роби е прилично близок со него, па му посветува емотивни пораки за Денот на таткото.
Марго накратко зборуваше за нејзиниот татко во интервју за Сан во 2016 година, кога откри дека ретко комуницираат.
Актерката откри дека чека бебе
Марго моментално го живее најубавиот период. Покрај славата и популарноста кои ја направија ѕвезда, среќата ја најде и во љубовта. На неодамна завршениот Вимблдон, актерката го покажа трудничкиот стомак и не ја симна насмевката од лицето, а изгледа дека е посреќна од било кога.