„MTV Europe“ музичките награди беа доделени во Манчестер, а како и секогаш музичките ѕвезди покажаа вистинска демонстрација на стил, елеганција но и смелост.
Една од присутните на овој значаен настан беше и пејачката Рита Ора, која воедно беше и водителка на програмата. Убавата Албанка многу често знае да изненади со своите модни изданија, а овој пат таа се појави во неколку различни фустани.
Во текот на церемонијата, Ора му одаде емотивна почит на починатиот, англиски пејач, Лиам Пејн, нарекувајќи го „една од најљубезните личности“ која некогаш ја запознала.
Пејачката најпрво се појави во невообичаен фустан од тул кој беше целосно проѕирен и всушност претставуваше огромен шал со капа, а само на интимните делови фустанот беше прекриен со сјајни монисти, а пејачката носеше и впечатливи ракавици.
Ора потоа се пресоблече во црн горен дел во комбинација со здолниште во тегет боја кое потсетува на старите, дамски фустани за принцезите.
Но, Рита потоа пак се пресоблече и тоа во екстравагантен фустан прекриен со пердуви и со длабоко деколте и повторно ги изненади сите.
Меѓутоа тоа не беше сè, бидејќи пејачката повторно се појави во различен аутфит додека ја водеше церемонијата на којашто носеше елегантен, црн костум, што најмалку се очекуваше од неа, со оглед на тоа дека таа е позната по смелите модни изданија во кои сака да покажува и повеќе отколку што е „дозволено“.