Поранешната голманка на Вардар се сврши со својата девојка (ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешната голманката на Вардар, Бразилката Маиса Песоа ја побара за жена својата девојка Никита Рамоа. Таа објави слика од дијамантскиот свршенички прстен на Инстаграм и се пофали дека Никита „рекла ДА“. Слика од веридбата на својот инстаграм-профил објави и Никита.

„Ти си апсолутно совршена за мене. Љубов на мојот живот“, напиша Никита.

34-годишната Песоа во моментов брани тимот на „Ростов Дон“ и за бразилската репрезентација. Таа во „Вардар“ беше една сезона и играше во финалето на Лигата на шампионите во 2016 година.

останати вести