Ништо не е подобро од автентичната италијанска кујна, а тестенините се секако неизбежен дел од италијанското мени. Италијанците прават најразлични вкусни тестенини, а една од најпопуларните е карбонара.
Повеќето луѓе сакаат да експериментираат со вкусови, и да додаваат крем за готвење и разни зачини на карбонара, но Италијанците сметаат дека ова е голем грев.
Доколку ви се допаѓа ова јадење, ви предлагаме да го подготвите токму онака како што тоа го прави врвниот готвач Џејми Оливер.
Состојки:
– 200 гр. шпагети;
– 150 гр. сланина;
– 3 жолчки;
– 40 гр. пармезан;
– бибер, сол;
– маслиново масло;
– 1 чешне лук.
Подготовка:
Во сад ставете ги жолчките, па додајте пармезан и бибер и сè убаво изматете.
Шпагетите сварете ги според упатството на пакувањето во солена вода. Сланината исецкајте ја ситно, па пропржете ја на малку маслиново масло.
Отстранете ја сланината, а потоа пропржете го лукот во истата тава. Кога ќе ја ослободи водата, можете да го фрлите лукот.
Во истото тавче ставете ги шпагетите и малку од водата во која се варени.
Тргнете ја тавата од шпоретот, па додајте ги јајцата со пармезанот и сè убаво измешајте. Додадете ја сланината и уште малку од водата во која се варени шпагетите.
Над тестенините посипете уште пармезан и уживајте во вкусот.