Марго Роби со денови е на насловните страници поради улогата во хитот „Барби‘“. Таа ја воодушеви публиката, но и критичарите, а веќе се споменувале и „Оскари“ за неа и Рајан Гослинг.
Сепак, фановите ги интересирало како изгледа нејзиниот Кен во реалниот живот, а она што е интересно е дека и тој работел на овој популарен филм.
Копродукцијата на овој успешен проект ја потпишал токму сопругот на славната актерка, Том Акерли. Овој ненаметлив филмски продуцент, своите први искуства пред камерите ги имал во филмовите за Хари Потер. Тој бил дел и од актерската екипа, толкувал студент од Слитерин.
Во брак се 10 години
Сепак, амбициите го одвеле зад камерите, па Акерли се одлучил за продукцијата. Со текот на годините преминал и на режија, а во 2014 година отворил своја продуцентска куќа, која потпишала големи филмски остварувања како: „I, Tonya“, „Birds of Prey“ и „A Promising Young Woman“.
Славниот пар се вљубиле на снимањето на „Suite Française“, а се венчале во 2013 година на тајна церемонија. Пред врската тие биле пријатели и цимери. Не сакаат да се експонираат медиумски, но на неколку наврати папараците ги фотографирале на заедничка прошетка, при што си разменувале нежности.
Да потсетиме, филмот „Барби“ во режија на Грета Гервиг за помалку од 3 недели достигнал рекордна заработка од 1,03 милијарди долари.