Жената со нереална убавина, Моника Белучи, неодамна го прослави својот 60-ти роденден и изјави дека ужива во годините. Таа зад себе има два брака и како што вели, неколку големи љубови.
Иако за нејзиниот втор брак, со актерот Винсент Касел, со кого има две ќерки се знае многу, тоа не е случај со првиот нејзини брак. Се знае само дека работата поминала во романса, венчавката била во Монте Карло и на неа присуствувале само најблиските, пишува италијанското „Чи“.
Славната Белучи за прв пат се омажила во 1990 година, кога веќе беше едно од најпрепознатливите лица на модната сцена, а судбоносно „да“ му го кажала на пет години постариот аргентинско-италијански моден фотограф Клаудио Карлос Басо. Таа тогаш имала само 23 години, а бракот им траел една година.

Венчаницата која актерката ја избрала за тој ден, е далеку од традиционалниот, бел, раскошен фустан, а црното издание и модното парче на Моника со качулка се уште за многумина се изненадување.